Се разведуваат Бритни Спирс и Сем Ашгари

Поп ѕвездата Бритни Спирс и нејзиниот сопруг Хесам „Сем“ Ашгари решиле да се разведат по само 14 месеци брак, пренесуваат американските медиуми.

Двојката се запознала на снимањето на музичкиот спот на Спирс во 2016 година, а се венчаа на скромна церемонија во јуни 2022 година, на којашто меѓу другите присуствуваа и Парис Хилтон, Мадона и Дру Баримор.

Дваесет идевет годишниот Ашгари бил голема поддршка за 41-годишната Спирс во текот на нејзиното психијатриско лекување и во долгата и тешка правна битка за завршување на старателството над неа.

Меѓутоа, во последниот период во американските медиуми се појавија шпекулации дека двојата минува низ брачни проблеми. Претставнциите на Спирс и на Ашгар засега не ја коментираа веста за разводот.

Веста првично ја објави таблоид-порталот TMZ кој има исклучително правовремени и веродостојни извори за случувањата во животите на ѕвездите на естрадата, додека извор на агенцијата Associated Press потврдил дека Ашгари поднел барање за развод.

Ашгар, кој има иранско потекло а работи како модел и тренер по фитнес, ја запознал Спирс во текот на снимањето на спотот за нејзиниот хит „Slumber Party“ пред седум години. Ја побарал за жена во септември 2021 година.

Додека беа верени објавија дека го чекаат своето прво дете, но подоцна соопштија дека Спирс имала спонтан абортус.

Неодамна медиумите забележаа дека и двајцата во јавноста не ги носат венчалните прстени.

Спирс, исто така, сѐ уште не ги коментираше вестите за разводот на социјалните медиуми. Во нејзината последна објава на Instagram споменува само дека планира да купи куќа.

Пејачката во октомври ќе ги објави мемоарите под заглавието „Тhe Woman in Me”.

Бритни Спирс во 2004 година беше во брак со пријателот од детството Џејсон Александер само 55 часа и со раперот Кевин Федерлин од 2004 до 2007 година, со кој има две деца.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷Војводина си направи малер – предвреме „прослави“ трофеј

Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои...

Хансен се враќа на терените – ќе биде спремен за двомечот со Веспрем

Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен моментално отсуствува од...