Се зголемува елитното друштво – шест тренери од Македонија на чекор до Мастер лиценца

Се зголемува елитното друштво – шест тренери од Македонија на чекор до Мастер лиценца

На семинарот што се одржа во Врњачка Бања, во организација на Европската ракометна федерација и Ракометниот Сојуз на Србија, покрај тоа што обновуваа Мастер Коуч лиценца, се одржуваа и предавања во рамките на вториот Модул од патот кон стекнување на највисоката тренерска лиценца.

На овој семинар беа присутни 24 тренери од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Данска, Португалија…а меѓу нив и шестмина кои работеа или работат во Македонија.

Станува збор за Алексо Лембанов, кој минатата сезона беше дел од Ал Сафа во Саудиска Арабија, предводничката на Скопје, Андријана Будимир, потоа Анжела Платон која го води Вардар, Александра Кузмановска и Мери Арсениевска од Металург РА, како и Даниела Новеска, која работи во младинските категории на Вардар.

Нив ги дели уште еден чекор до Мастер Коуч лиценца, а кога ќе го завршат и третиот Модул, ќе имаат шанса да го бранат својот труд пред комисијата.

Предавачи на семинарот во Врњачка Бања, каде многу македонски тренери и ги обновуваа своите лиценци, беа екс предводниците на Вардар, Давид Дејвис и Ким Расмусен.

Македонските тренери обновуваат „Мастер Коуч“ лиценци во Врњачка Бања



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...

We Are Seeing the Emergence of a New Way the Kremlin Pursues its Enemies

Olesya Kravtsova, an activist and journalist from Arkhangelsk, recently...