Сефте за Петровски и Еурофарм Пелистер 2, Скопје беше лесен плен

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 ја забележа првата победа во новата сезона од Супер лигата, откако на домашен терен славеше против Скопје со убедливи 36-23. Гостинските ракометари парираа во одреден дел од мечот, а домашните го решија победникот уште во првото полувреме и во вториот дел одиграа само рутински.

Избраниците на Михаил Петровски отворија со водство 3-0, со три гола на Трпчевски, но Скопје набрзина се врати во игра и намали на 5-4. Сепак следуваше кризен период во играта на гостите.

Три нерелаизирани напади и грешки кои беа казнети од крилата Димитровски и Белистојаноски за 8-4. Димитриоски повика тајм-аут, но следуваше нова грешка и битолчани се одлепија на 9-4.

Победата беше обезбедена кога по 12-7, следуваше серија на Еурофарм Пелистер 2 од пет гола за 17-7. До крајот на полувремето гостите се обидоа, но не намалија од негативата, 19-10.

На стартот од вториот дел Скопје врза два гола, 19-12, но не направи ништо повеќе од тоа. Битолчани не попуштија во темпото, продолжија да ја одржуваат високата предност и не дозволија никакви изненадувања.

За победничкиот тим по шест гола дадоа Трпчевски и Белистојаноски, додека пет пати стрелаше Митревски. Кај Скопје се истакнаа Митиќ со пет и Мишевски со четири погодоци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Квартет засилувања за враќање на старите европски патеки

Словенечкиот првак Крим по Ана Грос, Грас Заади,...

Легендарната Луминица Дину по долго време повторно во Скопје

Легендарната романска голманка Луминица Дину, по подолго време...

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...