„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра и тоа каква улога на трибините во „Боро Чурлевски“.

Тоа одлично го знаат и противниците што доаѓаат во Битола, но и ракометарите на Еурофарм Пелистер.

„Публиката е мошне важен сегмент во овој проект и она што е најважно ја обединивме и сите љубители на ракометот во градот. Секој од нив има свој придонес во успехот, со тоа што односот кон клубот е различен. Генерално ние како управа имаме одлични односи со навивачите ’Чкембари’, но во салата постојано се присутни и големи познавачи на ракометот, луѓе верни на клубот и она што се работи во него, кои го следат на секој чекор и дома и на гостувањата. Широки и обемни се дебатите после секој потег на клубот, после секој меч и секој резултат и доколку ги следите може да се препознаат оние кои имаат чесна намера и кога даваат негативни, но конструктивни коментари, а има и една група на луѓе кои иако се прикажуваат како големи љубители и поддржувачи, едвај чекаат негативен резултат за да ги испразнат своите фрустрации. Но, тоа е толку минорна група на луѓе која не заслужува внимание. Значајно е дека салата е постојано полна, за ракометот постојано се зборува, можеби е и тема број еден и клубот и играчите ја чувствуваат поддршката од навивачите. Тие се нашиот осми играч на секој натпревар. Нашата публика ни дава можност на почеток на секој натпревар да сме доминантни, затоа што го започнуваме со осум играчи“, потенцира претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев.

Во продолжение прочитајте го интервјуто со првиот човек на македонскиот шампион…

ИНТЕРВЈУ ЗОРАН СТЕРЈЕВ: Ракометот е традиција која се негува!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ