Сензација во Унгарија: Ѓер загуби од просечниот Мошонмаѓаровар!

Тимот на Ѓер, кој важи за еден од најдобрите клубови во Европа, доживеа непријатно изненадување во домашниот шампионат.

Некогашниот ривал на Вардар од Лигата на шампионите направи кикс во најквалитетното натпреварување во Унгарија, беше поразен од Мошонмаѓаровар со три гола разлика, 33:30.

Мошонмаѓаровар важи за еден од подобрите клубови во Унгарија, минатата сезона заврши веднаш зад најдобрата тројка, но во поглед на финансиите, како и на играчкиот и стручниот штаб, не се очекуваше дека може да го победи големиот европски гигант.

Сите досегашни дуели меѓу Мошонмаѓаровар и Ѓер завршувале со победа на големиот тим, кој во второто коло не успеа да ги освои однапред планираните бодови, па така до крајот од сезоната се очекува голема борба за првото место во унгарската лига.

Моментално, првото место на табелата го делат Ференцварош, Дебрецен и Мошонмаѓаровар, кои имаат по четири бода.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Андоновски со два гола во финишот му донесе голем бод на Трст

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...

Андоновски повторно најдобар – му донесе голем бод на Трст!

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски продолжува со одличните настапи...