Сезоната стартуваше во знакот на АП Брера, Шкендија умешно се „вади“ за киксот во Европа – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 3. КОЛО

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига стартуваше дефинитивно во знакот на АП Брера од Струмица. Ребрендираните „пандевци“ предводени од Италијанецот Џовани Валенти потврдија низ првите три кола дека ќе атакуваат на самиот врв од табелата, иако делувајќи онака „од сенка“ без преголема изложеност на своите амбиции во однос на Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ на кои веројатно свесно им ја препуштија улогата на фаворити. Но, на дуелот во Струга, првиот гостински за струмичани, АП Брера потврди дека нема да стравува од дуел со фаворитите. Валенти постави мудра тактичка постановка сосема доволна за три бода. Квалитетен старт на сезоната има и за Шкендија која досега од двата одиграни дуели е со максимален ефект. Тетовци покажаа во Кавадарци, против квалитетниот Тиквеш, дека оваа сезона и тоа како ќе атакуваат на шампионската круна!

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ален Јашароски (Воска спорт)

Хет-трик на Јашароски повеќе од доволен за голема победа против Вардар. Одигра таман толку голгетерски за да во сите три ситуации пред голот на Вардар реагира извонредно. Најзаслужниот за првата прволигашка победа на својот тим.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Џовани Валенти (АП Брера Струмица)
Без сомнение тренер на третата рунда натпревари во елитниот шампионат. Струга ТЛ минатата сезона долго време беше непоразена екипа во првенството, а сега шампионот поразен од АП Брера пред своите навивачи. Валенти одлично ги води струмичани на стартот од сезоната, за заслужена лидерска позиција.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Ералд Чинари (Шкендија)

Ералд Чинари без сомнение со голот на колото во Првата македонска фудбалска лига. Мајсторско двојно проигрување на тетовци кое на извонреден начин со волеј-удар го заокружи Чинари за водство од 0-1 на Шкендија против Тиквеш во Кавадарци.


ФОТО НА КОЛОТО: Крсте Велкоски е како виното – „колку постаро тоа подобро“!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...