Шок за европскиот првак, дебакл на Ференцварош

Денес стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите во женска конкуренција и уште во првото коло имаше пријатни и непријатни изненадувања.

Актуелниот бранител на титулата, норвешкиот шампион Вајперс Кристијансад, во дуелот со Икаст доживеа пораз од четири гола разлика, 27:23.

Најзаслужна за триумфот на повратникот во европската елита беше голманката Ирма Шјот, која забележа дури 17 интервенции. На голот на Вајперс Кристијансад, искусната Катрин Лунде имаше 15 интервенции, кои беа недоволни за поволен резултат на нејзиниот тим.

Екипата на Ференцварош, која во минатата сезона играше финале во Лигата на шампионите, на домашен терен доживеа фијаско.

Клубот од Будимпешта беше декласиран од Мец со 13 гола разлика, 38:25. Поразот од Мец е голем сигнал за европскиот вицепрвак дека на секој натпревар мора максимално да одработи доколку посакува остварување на зацртаните цели.

На победа се радуваше уште еден повратник во Лигата на шампионите, унгарскиот Дебрецен, кој успеа да го надигра Савехоф со 32:29.

Словенечкиот шампион Крим Меркатор немаше големи проблеми против дебитантот Зглебје Лубин и прослави убедлива победа со 36:18.

Победа запиша и тимот на ЧСМ Букурешт, триумфираше против Оденсе со 28:24.



Извор

претходниот член,
Следната статија

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Словачки арбитри за Еурофарм Пелистер и Алборг

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за...

Стружани „брусат“ нов дијамант – Клењоски дебитираше во Супер лигата на 13 години!

Струга отсекогаш важела за расадник на ракометари, и...

„Опенхајмер“ ита кон Оскарите по наградата SAG

Историскиот еп за создавањето на најсмртоносното оружје „Опенхајмер“ освои...

Што не го изгласаат законот за продолжување на пасошите, наместо ДА ДРАМАТ ЗА ОБРАСЦИ НА ГРАНИЦА?

СДС уште еднаш ја докажаа својата неспособност. Помпезното пречекување...