Шок за европскиот вицепрвак – Хансен го потопи Келце!

Данскиот Алборг направи мало изненадување на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, откако славеше на гостински терен кај полскиот првак Келце со 34-31. Уште од средината на првото полувреме гостите предводени од Микел Хансен си направија предност, по која Келце не успеа да се врати во мечот. Иако во финишот се доближија на минус еден, сепак избраниците на Талант Душебаев мораа да се помират со пораз на крајот.

Во првите дваесетина минути се играше гол за гол, и во овој период доминираа Алекс Душебаев на домашната и Микел Хансен на гостинската страна. По 10-10, Алборг успеа да создаде три гола позитива и да поведе со 14-11.

Имаше данскиот претставник и плус четири 18-14, Морито во следната акција беше прецизен за 18-15, а последните напади во првиот дел не ги реализираа ниту едните, ниту другите.

На стартот на вториот дел црвен картон доби Хоксер, еден од најдобрите во првото полувреме кај Алборг, па се чинеше дека Келце ќе може полесно до пресврт. Избраниците на Талант се доближија на минус два во неколку наврати, но Алборг одржуваше предност од три или четири гола.

Се обидуваа домашните на многу начини да се вратат во игра, но не успеваа се до пет минути до крајот кога Карачиќ најави драма. Келце намали на 31-30, но Словенецот Влах набрзина ја замолкна домашната публика со два гола по ред за 33-30.

Немаше време за домашните ракометари да направат нешто повеќе, па Алборг се враќа дома со два бода. Најдобри стрелци кај победничкиот тим беа Хансен со седум и Нилсон со шест гола, додека по пет пати погодија Хоксер и Влах, а голманот Ландин имаше десет одбрани. Кај Келце се истакнаа Сичко со десет и Карачиќ со шест гола.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...