Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше прогласен за виновен по 34 обвиненија во Њујорк, а оваа пресуда може да значи дека актуелниот претседателски кандидат не може да влезе во 37 земји во светот.

Трамп беше осуден за фалсификување финансии за време на неговата претседателска кампања во 2016 година, а случајот е поврзан со поранешната ѕвезда на филмови за возрасни Сторми Даниелс.

Сепак, покрај потенцијалната затворска казна што ќе му биде изречена на 11 јули, Трамп има уште еден проблем – потенцијална забрана за влез во 37 земји ширум светот.

Земјите како Канада и Велика Британија, како и Израел, имаат закони кои наведуваат дека националната служба за имиграција може да ја одбие вашата апликација за влез во земјата доколку претходно сте осудени за некој вид сериозно кривично дело.

Секако, Трамп би можел да влезе во некоја од земјите по барање и со одобрение на имиграциските служби, но тоа секако ќе биде процес низ кој поранешниот американски претседател веројатно не сака да помине.

Целосна листа на земји со политики за забрана за влез за осудените лица: Аргентина, Австралија, Бразил, Камбоџа, Канада, Чиле, Кина, Куба, Доминиканска Република, Египет, Етиопија, Хонг Конг, Индија, Индонезија, Иран, Ирска, Израел, Јапонија , Кенија , Малезија, Макао, Мексико, Мароко, Непал, Нов Зеланд, Перу, Филипини, Сингапур, Јужна Африка, Јужна Кореја, Тајван, Танзанија, Тунис, Турција, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...

We Are Seeing the Emergence of a New Way the Kremlin Pursues its Enemies

Olesya Kravtsova, an activist and journalist from Arkhangelsk, recently...