Штом кралот ќе започне неправедно да владее, тој се претвора во тиранин

Македонија како држава и нација се соочува со комплексни задачи што треба да се решат, оттука сосема е природно како општество да очекуваме државничко однесување од луѓето што ја имаат честа да нѐ раководат. Бидејќи проблемите со кои се соочуваме се повеќеслојни, потребни се личности што ќе нѐ упатуваат, а истовремено ќе нѐ инспирираат и вдахновуваат. Но повеќе показатели го потврдуваат токму спротивното, а особено се вознемирувачки разидувањата и неслогата помеѓу ветеното и спроведеното

Марко Тулиј Цицерон е запаметен како еден од највеликите римски државници што оставиле длабока трага во современата политика и филозофијата. Особено се интересни неговите видувања за државничката суштина, односно за личноста што ги има честа и должноста да раководи со државните работи. Според Цицерон, државникот е старешина што се грижи за другите луѓе и за општото добро, односно за повисокото добро на нацијата и државата. Овој римски политичар и филозоф вели дека државникот во себе треба да обединува три вида авторитет и затоа истовремено е кормилар на едреник, лекар и генерал. Како кормилар ги насочува државата и нацијата во вистинската насока, како лекар се грижи за здравјето на општество, а како генерал се стреми кон победа над егзистенцијалните проблеми со кои се соочуваат државата, нацијата или општеството.
Доколку подлабоко се продлабочиме во мислите на Цицерон, главната порака што ни ја испраќа гласи: „Државникот е човек што се грижи за своите граѓани, како што родителот се грижи и обезбедува најдобри услови за живот на своите деца“. Во оваа смисла, државникот треба да се одликува со постојаност, почит, свест, визија, соработка, интегритет, храброст, отпорност, лојалност и сѐ така до бесконечност. Ако внимателно ги согледаме овие својства, особено е интересна постојаноста како карактеристика на добриот државник, односно непроменливост во дејствувањето, како и унисоност помеѓу ветеното и исполнетото.
Македонија како држава и нација се соочува со комплексни задачи што треба да се решат, оттука сосема е природно како општество да очекуваме државничко однесување од луѓето што ја имаат честа да нѐ раководат. Бидејќи проблемите со кои се соочуваме се повеќеслојни, потребни се личности што ќе нѐ упатуваат, а истовремено ќе нѐ инспирираат и вдахновуваат. Но повеќе показатели го потврдуваат токму спротивното, а особено се вознемирувачки разидувањата и неслогата помеѓу ветеното и спроведеното.

Како општество во изминатиов период сме сведоци на еден расчекор што е особено забележлив во постапките на македонскиот премиер Талат Џафери, кој изјави дека е премиер на сите граѓани и дека доверената должност ќе ја извршува со најголема одговорност, како и неговиот повик до македонската влада да работи во интерес на граѓаните. Но и покрај изреченото, Талат Џафери најпрво ја пропушти шансата да потврди дека е премиер на сите граѓани со своето неприсуство при чествувањето на Гоце Делчев, а потоа не го исполни ветеното што го прифати и потпиша како претседател на македонското собрание. Имено, минатата година, Џафери како собраниски претседател склучи колективен договор со Синдикатот на Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, но сега како македонски премиер не го почитува. Но доколку повнимателно се анализира ова прашање, не станува збор само за разидувањата и неслогата помеѓу ветеното и спроведеното, туку и за нарушување на принципот на владеењето на правото и непочитување на актите на македонското собрание, како највисока законодавна власт.
Доколку се земе предвид дека станува збор за комплексни прашања што го засегаат Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, но и сето високо образование, расчекорот помеѓу ветеното и делата, и непочитување на актите на највисоката законодавна власт, е недозволиво. Време е Талат Џафери како македонски премиер на сите граѓани да покаже чувство за државничко однесување бидејќи како „старешина“ на македонското општество треба да нѐ обединува, но и да работи во полза на општото добро, односно за повисокото добро на нацијата и државата, преку активно решавање на проблемите, особено кога станува збор за проблеми во високото образование, витален процес од кој зависи усовршувањето на идните генерации.
На крајот ќе завршиме со Цицерон, кој вели: „Веднаш штом кралот ќе започне неправедно да владее, тој се претвора во тиранин“.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Песот на Бајден ги каснал тајните агенти најмалку 24 пати

Кучето Командер на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти...

„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето...

За оваа изненадувачка придобивка од водата за пиење ретко се зборува

131 Знаеме дека не можете да живеете без вода. Тоа...