Скандалозни прашања за средношколците: „Дали е можно вашата хетеросексуалност да е само фаза којашто ќе ја надминете“?

Скандалозни прашања за учениците во средните училишта се содржани во Работните листови по предмето Образование за животни вештини, алармираат граѓаните на социјалните мрежи. Се укажува дека прашањата наведени во прирачникот се направени така за да ги наведуваат децата.

Така, на пример, во Работните листови се наведени и следните прашања: „Што сметате дека ја предизвика вашата хетеросексуалност?“, „Дали е можно вашата хетеросексуалност да е само фаза којашто ќе ја надминете?“, „Дали е можно вашата хетеросексуалност да потекнува од страв од истиот пол?“, „Зошто вие хетеросексуалците се обидувате да ги натерате сите да бидат со вашата сексуална ориентација?“, „Дали би сакале вашето дете да биде хетеросексуалец/ка знаејќи ги проблемите со кои се соочуваат како прељуби, болести, разводи?“, „Ако хетеросексуалноста е нормална, тогаш зошто толку многу хетеросексуалци се лица со ментални нарушувања?“…

Под секое прашање е оставен и простор за одговори на учениците.

Автор на прашалникот е извесен Ерик Џост, активист и обучувач на Адвокати за млади (Advocates for Youth), а учебникот е одобрен од Бирото за развој на образованието (БРО).

Ваквите скандалозни прашања предизвикаа бура од реакции на социјалните мрежи, а меѓу првите што реагираше е д-р Александар Митов, кој преку Фејсбук го повика министерот за образование Јетон Шаќири да ѝ даде објаснување на јавноста.

-Што се случува, луѓе? Министре Шаќири, во ред ли е ова? Ова ли се вредностите на ДУИ? За СДСМ не ни прашувам. Е само овој учебник да е, а не е само ова, мора да паднат од власт, нема друго решение. Просто се решени да тераат агенди спротивни на волјата на 90% од населението. А едно друго прашање од ‘учебников’, пак, вели, од кај знаеш дека хетеросексуалноста не ти е само фаза? Демек, да се предомисли детето. Не можам да поверувам колку тенденциозно е пишувано, со јасна намера да ги збуни децата, да ги тера во тој правец“, напиша д-р Митов.

Извор: https://skopskoeho.mk

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Квартет засилувања за враќање на старите европски патеки

Словенечкиот првак Крим по Ана Грос, Грас Заади,...

Легендарната Луминица Дину по долго време повторно во Скопје

Легендарната романска голманка Луминица Дину, по подолго време...

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...