Скопје без проблеми до триумф над Астибо

Екипата на Скопје во првото коло од Женската лига оствари убедлива победа на гостувањето во Штип кај Астибо, триумфираше со десет гола разлика, 37:27 (15:12).

Скопје, кој во новата сезона влезе со посилен тим, донесе неколку квалитетни засилувања, до посакуваните бодови дојде со одличната игра во вториот дел, во кој постигнаа дури 22 погодоци.

Единствена закана за гостинките од Скопје беше Марија Анчева, која постигна 12 погодоци и беше најефикасна на дуелот, но искусната ракометарка немаше поддршка од своите колешки.

Во составот на Скопје повеќе ракометарки беа расположени за игра. Прво име беше Росана Павлова со девет погодоци, по шест реализации имаа Стефани Ристиќ и Јана Равојска, пет погодоци запиша Наталија Максимовска.

Тимот на Валентина Радуловиќ во следното коло за ривал го има Вардар, додека Астибо ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле СУ.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...