📷 Солзи радосници и многу емоции: Италијанците по долги години се вратија на светската мапа

📷 Солзи радосници и многу емоции: Италијанците по долги години се вратија на светската мапа

Репрезентацијата на Италија го направи најголемите изненадување во бараж дуелите за Светското првенство 2025, откако успеа да ја елиминира Црна Гора.

Италијанците беа големи аутсајдери, додека Црна Гора очекуваше многу лесно да дојде до пласман на Мундијалот, но „азурите“ направија голема сензација.

На првиот натпревар, кој беше одигран во италијанскиот град Конверзано, составот на сега веќе поранешниот селектор на Црна Гора, Владо Шола, беше шокиран од одличната игра на домаќинот.

На првиот натпревар Италија победи со 32:26 и на реванш пресметката во Подгорица не дозволи да ја испушти позитивата од шест гола, повторно ги надигра Црногорците и дојде до триумф од 34:32.

Италија во својата историја само еднаш има учествувано на Мундијалите, тоа беше во далечната 1997 година во Јапонија. Во дебитанскиот настап заврши на 18. позиција во конкуренција на 24 учесници.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...

We Are Seeing the Emergence of a New Way the Kremlin Pursues its Enemies

Olesya Kravtsova, an activist and journalist from Arkhangelsk, recently...