Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6121
Срдановиќ трагичар, Вардар елиминиран во полуфиналето од Купот | KOLUMNI.mk

Срдановиќ трагичар, Вардар елиминиран во полуфиналето од Купот

Ланскиот освојувач на Купот, тимот на Вардар, не успеа да се пласира во финалето на 31. издание од Купот на Македонија, откако во полуфиналниот дуел беше совладан од вицепрвакот со 25:24. Марко Срдановиќ во последната секунда од пенал имаше шанса да израмни и патникот во финалето да се одлучува на пенали, но голманот Галевски не дозволи да биде совладан.

Полуфиналниот дуел тргна со изедначен ритам и добро темпо. По нерешените 4:4, избраниците на Владо Недановски врзаа два гола во низа, се одлепија на 6:4, но во ниту еден момент не направија повисока разлика, бидејќи во преостанатите 30 минути двете екипи играа променливо.

Тимот од Автокоманда успеа да ја стабилизира играта, добрата одбрана вроди со плод, па така „сино-белите“ кон средината на првиот дел го свртија резултатот во своја корист и по негативата од 7:5 стигнаа до предност од 8:7.

Од 15 минута, па до крајот на полувремето, составот на Лазаров одржуваше минимална предност од еден до два гола разлика, вардарци во неколку наврати израмнуваа и кога најмногу требаше не успеваа да ги казнат грешките на ривалот. Алкалоид ја сочува максималната предност и на пауза замина со предност од 15:13.

Во натпревар, во кој што нема поправен, ланскиот освојувач на Купот знаеше дека треба да го даде максимумот за да се врати во игра. Откако Томовски фати два зицери на стартот на вториот дел, неговите колеги се консолидираа и направија пресврт. Вардарци најпрво израмнија на 15:15, потоа со голот на Лазаревски дојдоа до 16:15.

Ни тимот од Автокоманда не се предаваше, искористи дел од исклучувањето на Аларов и во 38 минута ја врати предноста, поведе со 17:16. Следуваше игра гол за гол, а по 19:19, избраниците на Лазаров со погодоците на Симоноски и Бинго одновно дојдоа до фамозните “плус два“ 21:19.

Резултатот во 50 минута беше 23:21 во корист за „сино-белите“, а минута подоцна нивната предност изнесуваше три гола, 24:21. Вардар при негатива од 24:23 имаше напад за изедначување, направи грешка, а во следната ситуација Симоноски реализираше за 25:23. Избраниците на Лазаров можеа на минута пред крајот да го решат натпреварот, не реализираа за 26:24, a Вардар, односно Марко Срдановиќ во последната секунда од пенал имаше шанса да израмни и патникот во финалето да се одлучува на пенали, но голманот Галевски не дозволи да биде совладан.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ