Срдановиќ: Веруваме во нашиот систем и тоа што го играме!

Вардар вторпат за десетина дена го совлада Еурофарм Пелистер, овојпат со 30-25 и најави дека ќе биде сериозен конкурент во трката за шампионската титула.

Левото крило Марко Срдановиќ беше најдобар стрелец заедно со Милан Лазаревски со по шест гола и вели дека тие секогаш се држат до договорот во соблекувална и играат според тоа.

„Веруваме во нашиот систем и се држиме до договореното во соблеквуалната и ја следиме таа игра, сеедно дали губиме или водиме. Тоа ни носи резултат, секогаш го правиме тоа истото. Секој натпревар покажува некои грешки и предности, па за секој следен ги исправаме нив и се надоградуваме во добрите работи“, вели Срдановиќ.

Српскиот интернационалец вели дека немало никаков притисок пред дербито.

„Имавме само позитивна трема пред стартот, но штом судијата свирне за старт, таа исчезнува. Ако верувате во тоа што го правиме, тогаш нема никаков притисок“, заврши Срдановиќ.

Вардар во следното коло ќе игра дома со Пролет, додека Еурофарм Пелистер во два дена ќе имаат две средби – против Мулти Есенс и Голден Арт.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ