Стојаноски: Власта има далеку од потребниот број пратеници за уставни измени, време е за предвремени избори

Потонаа лагите на мнозинството, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

-Над една година ја малтретираа јавноста со лажни вести, лаги и манипулации. Пукна “балонот” на лагите.
Две работи се јасни:

1. ДУИ, СДСМ и другите од мнозинството имаат само 70 пратеници за промена на Уставот.
Далеку од потребните две третини или 80 пратеници.

2. ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” гласаа ПРОТИВ. Сите 44 пратеници.
Тоа го велиме една година и до крај ќе останеме на тој став.

НЕМА ПРОМЕНА НА УСТАВ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ.
Јасни се работите. Време е за предвремени парламентарни избори, напиша Стојаноски.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Пехарот на срамот останува на Арсовска и СДСМ, плукаа силно, а сега паѓа на нивното лице

Добиена тужбата за клевета против лагите дека се „профитирало“...

Стапи во сила Европскиот закон за чипови

Денеска стапи во сила Европскиот закон за чипови, кој...

Ретро е во мода: ВХС касетите се враќаат

VHS лентите се продаваат за над 17.000 евра на...