СТРУГА 2023: ДАЛИ ЗНАЕТЕ кога првпат имало ТВ пренос од турнирот во Струга

Годинава од 16 до 19 август по 51. пат ќе се игра традиционалниот ракометен турнир. Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри…

Турнирот во Струга што годинава по 51. пат се одржува постојано се пренесува на ТВ преку медиумскиот партнер МРТВ. Така треба да биде и годинава кога од 16 до 19 август на отвореното игралиште “Горан Попоски Бабец“ ќе сe појават шест екипи, од што половина ќе бидат од странство.

Првпат пренос од струшкиот турнир имало во 1977 година. Тогаш турнирот се играл последниот викенd од месецот, oдносно од 23 до 25 август. Бидејќи се играло на отворено, имало проблеми со временските прилики.

Првиот турнирски ден поминал во убаво време, но вториот ден донел лошо време, со дожд и од ракометарите барал посебни напори. Поволните временски прилики од третиот ден овозможиле средбите да ги гледаат повеќе од 2000 гледачи.

Вардар и по петти пат успеал да победи на турнирот. РТВ Скопје вршело директен пренос секој ден од по една средба, што станала традиција на следните турнири, а која трае и до денес, со што дала и дава голем придонес не само за афирмација на турнирот, туку и за популаризација на ракометната игра среде младите во Македонија.

Како се развивала технологијата така на турнирот покрај ТВ преноси почнало да има и преноси на интернет на офицјалните канали на турнирот. На 51. издание на Струшкиот турнир ќе настапуваат екипите на Струга, Вардар, Алкалоид, АЕК Атина, Динамо Панчево и Гуиф.

Со нетрпение го очекуваме почетокот на турнирот, а дотогаш – читајте 24Ракомет…

Следете не на нашата страница на Facebook, бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Ќе имаме многу интеракција, гласање, наградни игри…



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...