Од 16 до 19 август на отвореното „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга ќе се одржи 51.издание на Струшкиот турнир. Покрај домаќинот, од македонските клубови тука се Вардар и Алкалоид, од странските во Струга ќе играат српскиот Динамо Панчево, шведскиот тим Ескилстуна Гуиф и грчкиот АЕК Атина.
Со традицијата започната во 1973 година, која трае до ден денес, во Струга играле врвни ракометни клубови и ракометари.
Тоа се некогашните европски прваци Металопластика Шабац, Динамо Букурешт, Борац Бања Лука, Вардар и Целје, потоа екипи како ПИК Сегед (кој тогаш го носеше името Волан Сегед), своевремено силната екипа Славија Прага, Бањик Карвина, па ПСЖ, а во поново време француските Тулуз, Кретеј и Шарт, потоа шведскиот Алингсас, романската Констанца, турскиот Бешикташ,
На отвореното игралиште гледачите имале можност да ги видат Мирко Башиќ, Миле Исаковиќ, Веселин Вујовиќ, Веселин Вуковиќ, Момир Рниќ, Златко Портнер, Роландо Пушник, Боро Чурлевски, Eлиодор Воика, Пепи Манасков, Кире Лазаров, Стевче Алушовски, Наумче Мојсовски, Арпад Штербик…и уште многу познати македонски и странски ракометари кои се уште се активни на ракометните терени.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!