СТРУГА 2023: Динамо Панчево стигна до петтото место

Ракометарите на Динамо Панчево го освоија петтото место на Струшкиот турнир 2023, откако славеа против домаќинот Струга со пет погодоци разлика, 31-26, во натпревар што се одигра во салата „Нико Нестор“.

Во првите десетина минути се играше гол за гол до 3-3, но потоа Динамо Панчево ја презема контролата и во повеќе наврати водеше со плус два, а стигнаа и до плус три, 11-8 во 20 минута.

Стружани заиграа подобро во одбраната, постигнаа неколку лесни погодоци, а Мечкароски израмни на 12-12 и тренерот на Динамо Панчево, Драган Марковиќ, побара тајм-аут.

Сепак неговите момци продолжија со лошата и неорганизира игра во напад, па стружани комплетно ја преземаа контролата на теренот. Со головите на Јанкуловски и Бошњак, Стурга имаше највисоки плус четири, 17-13.

До крајот на полувремето Динамо Панчево успеа да намали на 17-14, резултат со кој се замина на пауза. На стартот на вториот дел стружани немаа многу идеја во нападите, па српскиот тим успеа да израмни на 17-17 во 35. минута.

По тајм-аутот на Танески, неговите ракометари погодија два пати во серија за 19-17, а беше и 20-18. Но потоа стружани како да застанаа, му дозволија на ривалот да се врати одново во игра.

Српскиот тим најпрво израмни на 20-20, а потоа ги казни сите грешки на Струга во нападот со лесни погодоци и се одлепи на плус четири, 26-22. До крајот шанса добија сите ракометари, но немаше поголеми промени на теренот.

Во 18:30 часот на програмата е дуелот за третото место на Струшкиот турнир меѓу АЕК Атина и Ескилстуна Гуиф, додека од 20:30 часот ќе се игра големото финале меѓу Вардар и Алкалоид.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Црногорци и Швеѓанки за Македонија и Шпанија

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за...

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тежок испит против силната Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска им се...