СТРУГА 2023: Познати се групите – кој против кого на Струшкиот турнир

На отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга, од 16 до 19 август, ќе се одржи 51 издание на еден од најстарите ракометни турнири во Европа – Струшкиот турнир.

Ова лето покрај Женската плажа, за трофеј ќе се борат шест екипи – три домашни и три странски, а организаторот ги одреди двете групи.

Во групата А се најдоа тимот на македонската легенда Кире Лазаров – Алкалоиод, потоа шампионот на јужниот сосед на Македонија – АЕК Атина и српскиот тим Динамо Панчево.

Во групата Б ќе бидат двократниот европски шампион Вардар, домаќинот Струга и шведскиот тим Ескилстуна Гуиф.

На 16, 17 и 18 август ќе се играат натпреварите по групи, додека на 19 август ќе бидат натпреварите за пласман. Првите три дена ќе има два меча дневно, со исклучок на последниот ден кога ќе има три. Организаторот дополнително ќе го објави распоредот со саатници.

СТРУГА 2023: Продолжува приказната на најдолговечниот и најуникатниот македонски ракометен турнир



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷Војводина си направи малер – предвреме „прослави“ трофеј

Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои...

Хансен се враќа на терените – ќе биде спремен за двомечот со Веспрем

Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен моментално отсуствува од...