СТРУГА 2023: Вaрдар е нов рекордер – го освои 14. трофеј

Екипата на Вардар е победник на 51. издание на турнирот во Струга, откако во финалето против Алкалоид славеше со 25:20. Вардар сега во својата колекција има 14 титули на турнирот во Струга, додека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер е на второ место со 13 титули.

Како што се очекуваше, дуелот донесе голема неизвесност, атрактивни голови и на стружани им понуди квалитетен ракомет за гледање. Старните 5:5 навестуваа дека само нијанси ќе одлучуваат кој ќе биде новиот шампион на 51. издание на традиционалниот турнир во Струга.

Двете екипи играа цврста одбрана и ниту една од нив во првите петнаесетина минута не можеше да се одлепи на поголема разлика од еден гол. По нерешените 5:5, ракометарите на Вардар со два гола во низа се одлепија на 7:5. Овие два гола  разлика „црвено-црните“ ги поставија во 18-та минута. Во овој период од натпреварот, организаторот го прекина дуелот поради дождот на отвореното игралиште „Горан Поповски Бабец“.

Следуваше пауза од 10 до 15 минута, но се уште има временски непогоди во Струга, па така беше одлучено финалето да продолжи во салата „Тими“. Во продолжението продолжи борбата за секоја топка, тимот на Недановски дозволи Алкалоид да се врати во игра, па така до крајот на првото полувреме имаше голема битка.. Во 25-та минута беше 9:9, вардарци повторно побегнаа на плус два, 11:9, а на полувреме резултатот гласеше 12:11 во корист за поранешниот македонски шампион.

 

 

Алкалоид во 36-та минута го презеде водството коga од 12:11 стигна до 13:12. Алкалоид уште во два наврати беше во предност, по што следуваше налетот на Вардар, кој со серија од 3:0 повторно дојде на  плус два, 16:14. Сепак, момците на Лазаров не подлегнаа на притисокот и успеаја да го израмнат резултатот.

Во 45-та минута беше нерешено, 18:18, три минути подоцна (48 минута), тимот на Вардар дојде до највисоките дотогаш два гола разлика и предност од 20:18. Следуваше период во кој двете екипи не реализираа во неколку наврати, избраниците на Лазаров намалија на 20:19, но Вардaр бргу постигна гол за 21:19.

Вардар во последните пет минути влезе со предност од 21:20, дојде и до 23:20 и финишо ја одржа стекнатата предност за прво место на 51. издание на Струшкиот турнир.

 

 

СТРУГА 2023: АЕК Атина во неизвесен финиш го совлада Гуиф и заврши на трето место

 

СТРУГА 2023: Динамо Панчево стигна до петтото место

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...