Супер лигата веќе не е „скопска“ лига – еве кои екипи ќе играат од септември

Супер лигата веќе не е „скопска“ лига – еве кои екипи ќе играат од септември

За разлика од оваа сезона кога Супер лигата броеше 16 екипи, од следната сезона ќе гледаме само 12 во елитната конкуренција.

Оваа сезона лигата ја напуштија екипите на Аеродром, Скопје, Голден Арт, Мулти Есенс и Вардар Неготино, а во елитата се пласираше Бисинов, како првак во прволигашкиот плеј-оф.

Дури осум скопски екипи беа дел од Супер лигата оваа сезона, но сега нивната бројка е преполовена и останаа само четири – Вардар, Бутел, Пролет, како и „сино-белите“ од Автокоманда.

Последното место ќе го пополнат Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш, по што ќе биде познато дали Битола ќе има два тима во елитатата или радовишани ќе направаат камбек по само една сезона.

Супер лига 2024/25, учесници:

Еурофарм Пелистер (Битола)
Вардар (Скопје)
Алкалоид (Скопје)
Охрид (Охрид)
Тиквеш (Кавадарци)
Бутел (Скопје)
Пролет (Скопје)
Струга (Струга)
Прилеп (Прилеп)
Куманово (Куманово)
Бисинов (Велес)
Еурофарм Пелистер 2 (Битола)/Радовиш (Радовиш)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ