Светска потрага по изгубената гитара на Пол Меккартни

Целиот свет се ангажира во потрагата по еден од најславните музички инструменти, оригиналната бас гитара од моделот „Hofner“ на славниот член на легендарните The Beatles, Пол Маккартни.

Проектот „Изгубениот бас“ ја моли светската јавност за каква и да е информација за, како што се наведува, „најзначајната бас гитара во историјата“, пренесува BBC.

Маккартни го купил инструментот за 30 фунти во германскиот пристанишен град Хамбург во 1961 година, но по осум години гитарата исчезнала. На неа музичарот свирел во создавањето на музиката на The Beatles тие години, вклучително и на хитовите „Love Me Do“ и „She Loves You“.

Потрагата започна откако Маккартни го замолил произведвуачот на музички инструменти „Hofner“ да ја пронајден неговата обожувана гитара. Проектот „Изгубениот бас“ го води Ник Вас кој ги здружил силите со двајца новинари во обидот да ја разреши „најголемата мистерија на роконекролот“.

Според Вас, не е јасно што се случило со гитарата која најверојатно некаде тргната настрана кога култната ливерпулска четворка го заврила снимањето на албумот „Get Back“ во 1969 година. Тој интензивно соработувл со Маккартни и ја напиша книгата за исчезнатата гитара „Hofner 500/1 Violin Bass“.

Инаку, Маккартни и натаму на бас гитарите на „Hofner“,

Во последно време има сѐ повеќе нагаѓања колку би чинела таа гитара сега на наддавање. Украдената гитара на фронтменот на бендот Џон Ленон, која се појави половина век подоцна, беше продадена за 2,4 милиони долари, а акаустичката гитара на Курт Кобејн, фронтменот на култните Nirvana на која свиреше на легендарниот настап на MTV Unplugged, на аукција постигна цена од 6 милиони долари.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...