Светскиот вицепрвак беше немоќен против „црвената фурија“

Репрезентацијата на Германија нема да се бори за медал на Светското кадетско првенство во Хрватска, откако во четвртфиналниот дуел со Шпанија немаше доволно сили и претрпе пораз со четири гола разлика, 38:34.

Германија, која на Светското кадетско првенство во Македонија го освои среброто, ќе мора да се задоволи со најмалку петто место, додека Шпанија ќе се обиде да стигне до финале и конечно да го освои златото на кадетските Мундијали.

Шпанија во 2011 и 2017 играше финале против Данска и Франција, но немаше многу среќа во борбата за светски кадетски шампион.

Кадетите на Шпанија во полуфиналето ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Хрватска и Норвешка.

Египет по победата над Фарски Острови од 38:34 си обезбеди место меѓу најдобрите четири репрезентации.

Ривал на Египет во полуфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Португалија и Данска.

Бранителот на трофејот од Македонија преку Фарски Острови до полуфинале на СП



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...

United in Isolation, Putin and Kim Keep the World Guessing About Their Sanction-Busting Plans

Nearly a quarter-century after his last visit to Pyongyang,...