Таче зариба пред избори – Република

Ако оној „академикот“, кој како копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците им го продаде на Бугарите средновековниот период на Самоиловата држава и царство, со цел да им ги „вади“ очите на нашите деца преку учебниците по историја, премиерот намесник Димитар Ковачевски одлучил да оди уште еден чекор напред!

По неуспешната лидерска средба со лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, братски сака да им ги извади очите на сите, кои не мислат исто како него!

За односите меѓу браќата во јавноста се, главно, познати две народни поговорки. Едната вели, брат брата не рани, ама тешко му кој го нема и втората, брат за брат, сирење за пари.

На која и да мислел и од која и да се раководел Ковачевски, тој, нели, братски одлучи на ВМРО-ДПМНЕ да им отстапи пет министерски места само за да ја одоброволи да ги гласа уставните промени за внесување на Бугарите во Уставот, обврска што самиот ја презеде без постигнат консензус околу т.н. француски, а во суштина бугарски предлог и гола уцена.

Па, откако пропадна неговата пропагандистичка офанзива, сега останува така братски  да им ги вади очите на огромното мнозинство граѓани, пред се, на етничките Македонци.

Зашто, ни нив, ни опозицијата не успеа речиси цела година, поточно цели единаесет месеци да ги разубеди во исправноста на потегот за безусловно вметнување на Бугарите во Уставот! А, според сите релевантни и нерелевантни анкети во тоа нема да успее не уште единаесет месеци, туку никогаш!

Едноставно, Таче зариба и тоа пред избори. Без разлика кога тие ќе се одржат. Ако е до разумот и рационалноста, тие треба да се одржат час поскоро, а ако е до желбата за гола власт и отворена манипулација со граѓаните, тогаш сите ќе мораме да чекаме и да се измачуваме уште помалку од година.

Тоа е чудо едно колку премиерот намесник Димитар Ковачевски својата политика ја сведува на голо политиканство и на чиста ароганција! И во својата забеганост во политикантскиот дилетантизам мисли дека туку така се ќе му помине, како целата држава и граѓаните да се наоѓаат на ворк шоп на некоја невладина организација. Па, ако во стилот на тета Сабинче ја каже основната мантра дека овој или оној е малку нервозен, поради ова или она, сите ќе паднат во несвест и веднаш ќе поверуваат во неговите лаги.

Аман, Таче, излези од филмот и сопствените илузии и распиши избори! Ај што те поставија таму каде што си, те поставија. Ама тоа не ти дава за право да си поигруваш ни со Владата, ни со државата, ни со граѓаните! Тие не се обична крчма! Ни твоја, ни на татко ти!

За помалку од година ипол, колку што е премиер, Димитар Ковачевски не врати цели 100 до 120 години назад! И тоа може да се докаже со конкретни примери, во зависност од улогата, што сака сега да ја игра.

А, историски гледано има можност да се најде во најмалку две. Едната е да биде анархист и атентатор, додека втората е да биде бегалец од заложбите за национално единство. Но, и во едната и во другата може да е само бледа копија од историските имиња, кои останале величини во македонската историја.

До сега разбравме дека Таче нема поим од историја. Од што не знае, во едно од првите интервјуа што ги даде како премиер, му беше страв и одби дури и да се произнесе како што се чувствува, па остави тоа да го каже историската комисија! Ама ако сака нешто да научи никогаш не е доцна.

Кога велиме дека не вратил 120 години назад, тука пред се мислиме на солунските атентатори или на велешките гемиџии од 1903 година, во периодот непосредно пред Илинденското востание. На групата, што ја сочинувале Јордан Поп Јорданов-Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов, Георги Богданов и Цветко Трајков, која по теркот на руските анархисти, за да го привлече вниманието на светските сили за решавање на македонското прашање ги извеле познатите солунски атентати.

Димитар Ковачевски денес е исто така атентатор. Тој врши атентат врз лидерската средба, врши атентат врз демократијата, врши атентат врз волјата на огромното мнозинство граѓани етнички Македонци, врши атентат врз Уставот на државата, врши атентат врз националното единство на Македонците, врши атентат врз институциите на системот, врши атентат врз државата Република Македонија, врши атентат врз националната историја, традиција, култура…

Дваесет години подоцна, во мај месец 1923 година, во Виена бил потпишан познатиот Мајски манифест, документ што претставувал основа за македонско национално единство во натамошната борба за формирање посебна македонска држава.

Обединувањето на револуционерната левица и десница го потпишале членовите на Централниот комитет на ВМРО-Александар Потогеров, Петар Чаулев и Тодор Александров. Објавувањето на неговата содржина без дозвола на сите потписници до ден денешен предизвикува историски контроверзи, но убиството на тогашниот лидер на ВМРО, Тодор Александров, фактички претставува основа за почетокот на македонската братоубиствена војна и мартирологија, која одзела илјадници животи на угледни македонски личности.

Со денешните циркуски пиар финти Ковачевски е само обичен бегалец од заложбите за национално единство на патот кон конечно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ.

Да, историјата се повторува, еднаш како фарса, другпат како трагедија. Што ќе избере Димитар Ковачевски?!

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...