Танкоски: Конечно сум во Вардар

Танкоски: Конечно сум во Вардар

Шесто засилување за актуелниот вицепрвак Вардар е средниот бек Марио Танкоски, кој дресот на шампионот Еурофарм Пелистер го замени со „црвено-црн“.

Танкоски откри дека имало и претходно обиди да се пресели во Скопје, но се радува што конечно ќе заигра за Вардар.

„Се радувам на моето доаѓање во Вардар после неколку неуспешни обиди. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на управата и на стручниот штаб, и секако на добри резултати во следните сезони“, изјави Марио Танкоски.

Тој е шесто засилување за Вардар откако претходно потпис на договорите ставија средниот бек Младен Крсманчиќ, левиот бек Дмитро Горига, десниот бек Ашреф Мергали, дефанзивецот Томче Стојановски и десното крило Мигел Пинто.

Вардар на шопинг кај шампионот – го донесе Марио Танкоски!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ