Тасевска има нов клуб, ќе го носи дресот на српскиот шампион

Македонската интернационалка Марија Тасевска откако имаше одлична полусезона во Австрија, стана мета на неколку клубови, кои ја посакуваа екс ракометарката на Металург во своите редови.

Левото крило одлучи да ја продолжи интернационалната кариера и во новата сезона ќе биде дел од српскиот шампион Јагодина, кој своевремено беше голем ривал на Металург и Вардар во тогашната регионална лига.

Тасевска на почетокот на вториот дел од минатата сезона се пресели во австрискиот суперлигаш Дорнбирн и одлично се снајде во новата средина.

23-годишната ракометарка претходно настапуваше за грчкиот шампион ПАОК, додека во Македонија го носеше дресот на Металург. Со двата споменати тимови имаше учество во европските натпреварувања.

Јагодина во минатата сезона ја освои титулата во домашниот шампионат, како и Куп трофејот на Србија.

Новиот тим на Тасевска ќе учествува и на европска сцена и ќе игра во квалификациите во Лигата на Европа. Српскиот шампион во квалификациското трето коло за ривал го има полскиот Лублин.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...