„Тик-ток“ е најпопуларната дестинација на интернет

„Тик-ток“ е најсимнуваната (даунлодирана) и најчесто користената апликација досега, по неа следуваат „Инстаграм“, „Фејсбук“ и „Ватс-ап“.

„Тик-ток“ има над 1,6 милијарда корисници во над 160 земји, а даунлодиран е над 220 милиони пати само во САД, покажува новата статистика ажурирана во август.

Бројот на корисници на глобално ниво, од кои 1,1 милијардa се месечни активни корисници од 2023 година, ја покажува популарноста на оваа платформа за споделување видео.

„Тик-ток“ го доби својот милијардити корисник во 2021 година, четири години по глобалното лансирање, половина од времето што им требаше на „Фејсбук“, „Јутјуб“ или „Истаграм“ и, три години побрзо од „Ватс-ап“.

Минатата година, аналитичарите на data.ai ја ревидираа прогнозата дека „Тик-ток“ ќе достигне 1,5 милијарди месечни активни корисници откако нивната анализа откри дека оваа апликација ја надминала таа пресвртница за 100 милиони корисници во првите три месеци.

Платформата за споделување видео веќе ги надмина поголемите социјални мрежи како „Инстаграм“ и „Фејсбук“, благодарение на својата забавна, креативна природа и сегментацијата кон помладата публика.

Според познавачите, доволно е некое време активно да ја користите оваа платформа и нејзиниот најголем конкурент „Инстаграм“ и да размислите како се чувствувате по скролањето.

Социјалните мрежи го менуваат начинот на кој размислуваат луѓето речиси две децении. Поради нив светот на новинарството се промени засекогаш – медиумите веќе не можат да одлучуваат што ќе мислат луѓето, иако тие се уште, барем засега, имаат моќ да наметнат агенда, односно за што ќе размислуваат луѓето.

Луѓето повеќе не им веруваат на медиумите како пред да настанувањето на интернетот. За да креираат мислење или став за некоја тема, доволно е да ја инсталираат социјалната мрежа која најмногу им одговара и да најдат истомисленици или коментатори со кои можат да се поистоветат.

Доколку се направи споредба меѓу „Фејсбук“, „Твитер“ или новата, најбрзо растечка платформа во историјата – „Тредс“, овие се текстуални апликации кои имаат премногу политика, а од политика боли желудникот.

Новите истражувања прават компарација меѓу двете најпопуларни мрежи: „Инстаграм“ и „Тик-ток“.

„Тик-ток“ стартуваше во 2016 година. Платформата веднаш стана популарна низ светот, импресионирајќи ја т.н. Генерација Z (активни креатори на содржини на социјалните медиуми). Оваа апликација всушност стана победник штом понуди куси видеосодржини коишто предизвикуваат зависност.

Анализата на американскиот истражувачки центар „Пју“ (Pew Research Center) покажа дека процентот на тинејџери кои рекле дека се на „Тик-ток“ речиси постојано е 50% поголем од оние кои го кажале истото за „Инстаграм“

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Дневен хороскоп за вторник, 26-ти септември 2023-та

ОВЕНОвој ден ќе биде полн со предизвици за Овните....

Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на...

Даниловски до Комисијата за заразни болести: Дали сте бре нормални?

Докторот Драган Даниловски на својот фејсбук профил и се...