Тиквеш даде силен отпор, но Еурофарм Пелистер ќе се бори за Куп трофеј

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не дозволија изненадување и го совладаа незгодниот Тиквеш со 33:29 во првиот полуфинален дуел од Купот на Македонија. Битолскиот тим, кој се наоѓа на чекор до одбрана на шампионската титула во домашниот шампионат, в недела со подобриот од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид ќе се бори за 6-ти Куп трофеј.

По израмнетиот старт, односно нерешените 3:3, пелистерци врзаа три гола во низа, зголемија на 6:3, но, во ниту еден момент од првиот дел не се одлепија на повеќе од три гола позитива. Избраниците на Раде Стојановиќ со неколку интервенции на Гемаљевиќ и поголемата фокусираност во нападот, дојдоа до минус еден во 10 минута, 7:6.

Еурофарм Пелистер до 20 минута водеше со еден до три гола разлика, потоа во последните десет минути кавадарчани направија камбек и му дадоа до знаење на ривалот дека до последен момент ќе се борат за пласман во финалето. Одличен во нападот на Тиквеш беше младинскиот репрезентативец Шулески. Средниот бек во неколку наврати ја пробиваше одбраната на битолчани покажувајќи дека поседува добри квалитети.

Гемаљевиќ продолжи да брани во одлична форма, неговите колеги заиграа поангажирано, знаеја како да дојдат до позиција за гол и во 20 минута најпрво израмнија на 11:11, потоа дојдоа до првата предност од 12:11. Во последните осум минути пелистерци ги казнија грешките на Тиквеш, кој како да се исплаши во моментите кога имаше позитива, го свртија резултатот во своја корист и на пауза заминаа со резултатска предност од 16:13.

Откако Еурофарм Пелистер на стартот на вториот дел се одлепи на 18:13, составот на Стојановиќ повторно беше во трка за камбек, полека се враќаше во натпреварот и во 40 минута израмни на 20:20. По камбекот на Тиквеш, тимот на Еурофарм Пелистер започна да го трасира патот кон победа, се одлепи на 24:20 и до крајот на натпреварот имаше активен резултат. Тиквеш парираше колку што можеше, не се предаваше, во неколку наврати имаше негатива од два гола, но во финишот пресуди поголемото искуство на избраниците на Ангеловски.

 

Предводник во победничката екипа беше Богдан Радивјевиќ со десет погодоци, додека во таборот на Тиквеш најефикасни беа Страхиња Симиќ и Срџан Мијатовиќ.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...

United in Isolation, Putin and Kim Keep the World Guessing About Their Sanction-Busting Plans

Nearly a quarter-century after his last visit to Pyongyang,...