Тиквеш ќе „лета“ со нови крила – потпишаа Кофилоски и Димовски!

Откако ги донесе новиот тренер Драган Марковиќ-Марка, раководството на Тиквеш работи на формирање на играчкиот мозаик за следната натпреварувачка сезона.

Нови ракометари на кавадаречкиот тим се левото крило Дарио Кофилоски и десното крило Мартин Димовски.

Двајцата доаѓаат од актуелниот освојувач на трофејот во Купот на Македонија и треба да бидат значајна алка во составот на Тиквеш.

Кофилоски потекнува од Металург, а последните три сезони ги мина во тимот на Лазаров, додека Димовски е дете на Тиквеш и по настапите за Голден Арт и тимот од Автокоманда се враќа дома.

Претходно кавадарчани ги продолжија договорите со трите бека – Манасков, Мијатовиќ и Обина.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ