Томовски за 24Ракомет: Победи колективот, знаевме што правиме, ова е голем имплус пред дуелот со Рајн Некар!

Екипата на Вардар е победник на 51. издание на турнирот во Струга, откако во финалето против Алкалоид славеше со 25:20.

Вардар сега во својата колекција има 14 титули од турнирот во Струга, додека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер е на второ место со 13 титули.

За најдобар голман на турнирот беше прогласен Мартин Томовски, кој во финишот од финалниот дуел одбрани неколку клучни топки и ги откажа избраниците на Кирил Лазаров.

,,Тие ситници со временските неприлики не пореметиа и нас и нив, и моравме овде да дојдеме, да се загрееме, да се мотивираме…Им честитам на Алкалоид на добрата игра, но исто така сакам да му честитам и на мојот тим, бидејќи колективот победи денеска, бевме добри во одбраната и знаевме што правиме во нападот. Топките кои ги одбранив се погодија во прав момент, но не можам сам себе да си ставам заслуги, одбраната многу добро ја заврши работата, ние сме тим, секогаш се надополнуваме, така што имавме одлична партија и добра увертира пред дуелот со Рајн Некар.  Осовоената титула ќе биде од голема корист, имплус, мотивација, за да се подготвиме добро за Рајн Некар и да го дадеме најдоброто од себе на тој дуел. Ги повикувам сите љубители на ракометот, фанови на Вардар, сите комити, да дојдат да не поддржат в сабота (26-ти август) во дуелот со германскиот тим”, изјави Томовски.

СТРУГА 2023: Јапонецот Косуке Јасухира е МВП

 

СТРУГА 2023: Вaрдар е нов рекордер – го освои 14. трофеј

 

 

Финалето на Струшкиот турнир продолжува во спортска сала „Тими“ од 21:30 часот



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...