Тоскоски стана тренер на Аполда и веднаш донесе македонско засилување – пивотот Ѓорѓиески

Некогашниот голман на битолски Пелистер, Игор Тоскоски, од наредната сезона ќе биде прв тренер на екипата на Аполда.

Тој ова лето ќе ја заврши богатата играчка кариера, сезонава беше и во стручниот штаб, но од лето ќе се посвети само на тренерската кариера.

Тоскоски веднаш почна да го засилува тимот во кој своевремено играа уште двајца Македонци – крилата Игор Илиевски и Васил Митевски.

Ново засилување за составот на Аполда ќе биде искусниот пивотмен Пеце Ѓоргиески, кој доаѓа од германскиот Цвикау.

Ѓоргиески потекнува од Прилеп, играше за кадетската и младинска репрезентација на Македонија, а ги носеше дресовите на Пролет, Радовиш, Работнички, Пелистер, Охрид, Струга и Тиквеш.

Оваа сезона во Цвикау на 21 натпревар успеа да постигне 66 погодоци, а од лето ќе го чека нов предизвик во Аполда.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Јанев: Не игравме според договореното!

Женската младинска репрезентација на Македонија на СП во...

Чурлиновска собра 12 одбрани и стана МВП против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...