• Тимот на Макаби Ришон Ле Зион најде замена за Градимир Чаневски кој се врати во Македонија. Голот на израелскиот тим ќе го брани Филип Борозан, кој досега беше дел од шампионот на Црна Гора, Ловќен.
  • Словачкиот првак Татран Прешов го донесе второто засилување за новата сезона. Станува збор за хрватскиот пивот Домагој Потнар, кој доаѓа од тимот од Луксембург, Ред Бојс Диферданж.
  • Искусниот црногорскиот интернационалец Небојша Симовиќ, по две сезони во германскиот Нордхорн се сели во Романија. Таму ќе игра за Стеауа, каде веќе настапуваат уште двајца Црногорци – Немања Грбовиќ и Милан Поповиќ.
  • Израелскиот првак Рамат Хашарон го донесе првото засилување за новата сезона. Тоа е средниот бек Адир Коен, кој се враќа во татковината, откако минатите сезони играше за хрватскиот Нексе Нашице и францускиот Трембле.
  • Египетскиот состав Замалек го промовираше новиот стратег. Тоа е шпанскиот тренер Фернандо Барбието, кој последните три сезони го водеше францускиот Кретеј, а претходно беше асистент во Барселона и беше предводник на Бахреин.