• Левиот бек на Алборг, Маринус Мунк, го продолжи договорот со данскиот клуб до 2027 година. Мунк дебитираше минатата сезона во првиот тим на Алборг и прикажа одлични партии, особено на осминафиналните средби од ЛШ против ГОГ Гудме.
  • Десниот бек на романската репрезентација Демис Григорас, го продолжи договорот со тимот на Бенфика и ќе остане во Лисабон во наредната сезона. Нов договор потпиша и Оле Рамел, а замина Леонардо Семедо.
  • Тунискиот репрезентативец Џинед Џабала, кој своевремено играше низ Европа – во Татран Прешов, Кристијанштад, Селкаспор и Данкерк, во новата сезона ќе ги брани боите на катарскиот тим Ал Гарафа со кој потпиша до 2025 година.
  • Селекторот на Швајцарија, која е ривал на Македонија на ЕП 2024 – Михаел Сутер, од следното лето заминува од оваа функција. На негово место во националниот тим доаѓа Енди Шмид, а Сутер ќе биде тренер на Сент Гален.
  • Левиот бек Оливер Рабек по 11 сезони си замина од словачкиот Татран Прешов и во новата сезона ќе игра во Катар. Искусниот Словак потпиша договор на една сезона со тимот на Ал Сад.