ТРИ ЅВЕЗДИ НА 25. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 25. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 25. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 25. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Пелистер и Металург Автокоманда.

За ѕвезда на колото може да гласате до сабота до 12:00 часот.

Женска лига, 25 коло, резултати:
Овче Поле СУ – Куманово 26:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Гевгелија 34:16 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Шампион 49:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Астибо 43:19 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Вардар 22:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Пелистер 32:40 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Стружанка 34:16 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 25. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 25. КОЛО

Сара Цветановска (Куманово) – Кружниот напаѓач понесе најмногу товар сезонава и повторно беше најефикасна во својот тим, постигна 9 погодоци на дуелот во Свети Николе.

Талида Алмеида (Ѓорче Петров) – Бразилката беше најрасположена на натпреварот со Астибо, десет пати се запиша во листата на стрелците.

Сара Миновска (Металург Автокоманда) – Левото крило на дебитантот со девет погодоци го предводеше својот тим до убедлива победа над Стружанка.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ