Турнирот на Ѓорче Петров е најава за „Женска регионална лига“

Потребата од регионално здружување и играње на што е можно повеќе вакви средби ќе биде дел од агендата на учесниците на третиот ракометен турнир чиј домаќин е Ѓорче Петров на крајот од август во Скопје. Веќе се најавени прелиминарни разговори меѓу клубовите, а може да има и конкретни заклучоци, идеи па дури и формално создавање.

Најдобрите женски клубови во регионот сметаат дека напредокот секогаш е поврзан со имање на силни натпревари во континуитет. Домашните првенства стануваат монотони и без вистински предизвици, а европските купови се понедостижни пред се поради слабиот квалитет на тимовите. Само добра и силна конкуренција носи напредок.

Повеќето клубови решението го гледаат во регионално поврзување преку кое ќе можат да играат со посилни тимови, почесто, маркетиншки да профитираат, да ги надградуваат своите играчи и да создаваат нови. Досега само како најава, без некоја конкретна идеја или завршница, но сега многу посериозно како цел на повеќе клубови. Таква регионална лига имаше во минатото ВРХЛ лига во која играa Вардар, Будуќност, Крим… Но, таа повеќе беше турнирски и обид да им помогне на екипите да ја подигнат формата. И кратко траеше.

Потребата од регионално здружување и играње на што е можно повеќе вакви средби ќе биде дел од агендата на учесниците на третиот ракометен турнир чиј домаќин е Ѓорче Петров на крајот од август во Скопје. Веќе се најавени прелиминарни разговори меѓу клубовите, а може да има и конкретни заклучоци, идеи па дури и формално создавање.

Покрај Ѓорче Петров на истиот турнир последниот викенд од август треба да настапи и Вардар, и плус гостите од Грција, ПАОК и Панорама, и четирите тима од Србија – Железничар Инџија, Бекамент Аранѓеловац, Бор и Црвена Звезда. Веројатно во Скопје ќе бидат уште неколку други екипи од Македонија и од странство кои се заинтерсирани за ваква соработка. Целта на таквиот собир ќе биде да се постават темелите на едно регионално и да се договори начинот на нејзиното функционирање.

Оска Солун – Скопје – Белград

За почетокот во една ваква Регионална лига би требало да бидат тимови кои се од места каде е лесно да се стигне. Затоа и оската Солун – Скопје – Белград е линијата на која би требало да се конципира евентуалното почетно клупско женско натпреварување. Автопат и брз пристап би значело побрзо патување.

На турнирот во Скопје ќе биде тимот на ПАОК кој е токму од Солун, а Грција последните години сериозно вложува во ракометот. Сакаат и женскиот ракомет да го издигнат на повисоко ниво. Во Скопје има неколку амбициозни тимови како шампионот Ѓорче Петров. Тука се и освојувачот на Купот, тимот на Куманово, потоа Чаир, Вардар, се создава уште еден нов клуб Металург Автокоманда…

Во Србија исто така има амбициозни тимови. Шампион е Јагодина, а Железничар е вицепрвак и тие ќе гостуваат во Скопје. Тимот на Црвена Звезда е нов и има цел да биде во самиот врв во Србија. Веројатно може уште некој тим да биде дел од таква лига.

Постоењето на регионални натпревари, макар и како турнири ќе донесе повеќе мечеви, поинтересни дуели, можност за полни сали и најважно од се – напредок.

СЕХА Лига како пример

Машката СЕХА лига е најдобар пример за напредокот што го имаа екипите. Токму играјќи во СЕХА лигата, Вардар имаше одлична подготовка за силните мечеви во Лигата на шампионите каде двапати беше европски првак. Унгарски Веспрем постојано е во европскиот врв, исто како и Загреб. Токму преку СЕХА лигата свој напредок имаа и Мешков Брест, Нексе, Татран. Таквата лига беше интересна и за други тимови од други земји, па настапуваа и Целје, Горење, Ловќен, Сутјеска. И имаше постојано барања за приклучување на нови екипи од други држави.

Предноста на СЕХА лигата беше што имаа стабилен спонзор кој им ги покриваше сите трошоци за патувања и офицјалните лица. Клубовите требаше да мислат само на играњето и правењето силен тим.

Но, СЕХА лигата на своите почетоци немаше спонзор, туку клубовите сами се си плаќаа. Имаа добар продукт што лесно го продадоа. Тоа го препозна Газпром и стана спонзор на лигата.

Тоа треба да ги води и женските клубови – да почнат, а потоа веројатно се ќе биде полесно…



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

„Забавно е да се игра во Битола“

Голманот на Вардар, Мартин Томовски никогаш во својата...

Кадетското злато остана во Автокоманда

Домаќинот на кадетскиот турнир од Ф4, не залудно...

Младост ја продолжува борбата за второто место во прволигашкиот плеј-оф

Тимот на Младост Богданци пред својата публика не...

Радовиш чекор поблиску до суперлигашки бараж

Екипата на Радовиш пред својата публика одигра според...