Украински репрезентативец потпиша за Вардар!

Украински репрезентативец потпиша за Вардар!

Левиот бек Дмитро Горига (26) следната сезона ќе настапува за Вардар. Репрезентативецот на Украина игра во двата правца, и во напад и во одбрана и треба да ја засили конкуренцијата во тимот, и да го подигне квалитетот на играта. Иако имаше понуди и од други клубови, реши да дојде во Вардар. Горига ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката.

Тој настапуваше за Украина на ЕП во 2022 година кога Украина играше во Сегед, Унгарија. Неколку сезони е веќе интернационалец со искуство играње во Полска и Франција. Играше и во квалификациите за ЕП 2024 година, но тогаш Украина не се пласираше на завршниот турнир.

Дмитро Горига во Скопје доаѓа од Катар каде настапува за тимот на Ал Араби. Претходно има настапувано и во Франција во екипата на Екс Ан Прованс, и во Полска во тимот на Шчечин, а во Украина играл за тимот на Мотор Запорожје.

Во своите витрини ги има пехарите од шампионатите на Украина, и Купот на Украина, а има настапувано и во СЕХА лигата, каде го освои третото место со тимот на Мотор на Ф4 турнирот во Задар.

„Сигурни сме дека Дмитро ќе се вклопи брзо во нашиот систем на играње и ќе може во целост да го покаже својот квалитет. Со играњето во два правци, и во напад и во одбрана добиваме играч кој ќе придонесе за помалку менувања, и побрза транзиција. Дмитро е истовремено и одлична личност која со својот карактер се вклопува во нашата филозофија. Секоја чодина одиме чекор понапред, и создаваме тим што во иднина ќе ги донесе посакуваните резултати на клубот, вели Борко Ристовски, Извршниот директор на РК Вардар.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ