Уметноста на вештачката интелигенција не може да се заштити со авторските права, според суд во САД

Уметничко дело создадено од вештачката интелигенција без човечко дејствување не може да биде заштитено со авторските права според американскиот закон, пресуди судот во Вашингтон.

Само делата коишто ги создал човек може да бидат заштитени со авторски права, соопшти судијката од окружниот суд во Вашингтон, Берил Хоувел, потврдувајќи го отфрлањето на Американското биро за авторски права кое го пополнил компјутерскиот научник Стивен Талер во името на неговиот систем DABUS.

Барањето на Талер за одобрување на патент кој го осмислил DABUS (Device for the Autonomous Bootstrapping of Unified Sentience) го одбил претходно и американското Биро за патенти.

Талер, исто така, го предал барањето за патенти коишто ги генерира DABUS во други земји, меѓу кои и Велика Британија, Јужноафриканската Република, Австралија и Саудиска Арабија со ограничен успех, пишува Reuters.

Талер и неговиот адвоката Рајан Абот изјавија во понеделникот дека силно се противат на судската одлука донесена во петокот и дека ќе поднесат жалба. Засега американското Биро за авторски права не ја коментираше пресудата на барање на американските медиуми.

Брзорастечкото поле на генеративната вештачка интелигенција поттикнува нови прашања кои се однесуваат на интелектуалната сопственост. Бирото за авторски права на САД, исто така, го одбил барањето на уметникот за заштита на сликите генерирани преку системот на вештачката интелигенција Midjourney, и покрај тврдењата на авторот дека системот бил дел од неговите уметнички процеси.

Неколку илјади тужби, исто така, се однесуваат на корстењето дела кои се под авторски права, со цел да се истренира генеративната вештачка интелигенција без дозволи за тие дела.

„Се приближуваме на новите граници во заштитата на авторските права како што уметниците ја означуваат вештачката интелигенција во своите куќарки, што ќе ги зголеми проблематичните прашања на законот за авторски права. Овој случај, меѓутоа, ниту одблизу не е комплексен“, напишала во одлуката судијката Хоувел.

Талер го поднел барањто уште во 2018 година за авторските права коишто го покриваат ткн „A Recent Entrance to Paradise“, делото од визуелна уметност а кое тврди дека неговиот систем на вештачка интелигенција го создала без човечка помош. Бирото минатата година го одбило барањето со изговор дека делата мора да имаат човечки создатели за да можат да бидат заштитени со авторските прва.

Талер ја поднел одлуката пред сојузниот суд со аргумент дека човечкото авторство не е конректно правно барање и дека дозволувањето за заштита на авторските права на вештачката интелигенција било во согласност со целта авторските права онака како што се наведени во американскиот Устава да го „промовираат напредокот на науката и корисните уметности“.

Судијката Хауевел со согласила со Бирото за авторски рпва и навела дека човечкото авторство е „основно барање за авторски права“ втемелено на „со векови долгото договорно разбирање“.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...