Уставните измени што ни ја предочија фарсата на „институционалната функционалност“

Уставните измени што ни ја предочија фарсата на „институционалната функционалност“

Влегувањето на предлогот за уставни измени, подготвен и доставен од Владата, проследен во собраниска процедура, треба да биде оној законски процедурален дел, при што одлуката (предлогот) на еден друг демократски столб на власта, имено извршниот, се става во еден натамошен системски филтер за да се рафинира нешто што е од најсуштинско значење за државата и нацијата. Во тој контекст, Собранието со својата ударна тупаница – соодветната комисија (овој пат тоа е комисијата за уставни прашања) – треба да ја стави во погон својата регулаторна, контролна и надзорна функција во полн капацитет за да ја претресе состојбата (читај предлозите за уставни измени), да направи сериозна анализа (да ги расклопи сите аспекти на предлозите), и тоа со сите алатки што ги има на располагање, а потоа комисијата да направи една стегната синтеза (да ја склопи повторно состојбата) и истото тоа да им го предочи на другите пратеници, а и на јавноста. Тоа е улогата на комисијата: ПОЛИТИЧКИ КУБИЗАМ!

Пратениците во комисијата за уставни прашања на македонското собрание покажаа неочекувана „ефикасност“ во вторникот, 25 јули 2023, па успеаја комисиската расправа за уставните измени да ја спакуваат во новинарски извештај од две реченици. Со оглед на времетраењето на седницата на комисијата, од три часа, иако според законските одредби се предвидени дури најмногу десет работни дена, сосема оправдано може да се донесе новинарска процена дека настанот заслужува само агенциска вест од видот: „Предлогот за уставни измени денеска помина на собраниската комисија за уставни прашања. ’За’ гласаа десет пратеници, а ’против’ беа седум“. Евентуално во проширената вест би се додало: „Пленарната седница на која ќе се гласа за измените е закажана за 18 август. За да бидат усвоени, ќе биде потребно двотретинско мнозинство“.
По таквата историска „ефикасност“, пратениците комотно можат да одбројуваат часови до почетокот на летниот одмор и, така одморени и можеби со привилегирано стекнат сончев тен и акумулирана енергија, уште поентузијастички на 18 август да ги решат и на пленарна седница уставните измени, кои ја вознемируваат македонската јавност веќе една година.
Влегувањето на предлогот за уставни измени, подготвен и доставен од Владата, проследен во собраниска процедура, треба да биде оној законски процедурален дел, при што одлуката (предлогот) на еден друг демократски столб на власта, имено извршниот, се става во еден натамошен системски филтер за да се рафинира нешто што е од најсуштинско значење за државата и нацијата. Во тој контекст, Собранието со својата ударна тупаница – соодветната комисија (овој пат тоа е комисијата за уставни прашања) – треба да ја стави во погон својата регулаторна, контролна и надзорна функција во полн капацитет за да ја претресе состојбата (читај предлозите за уставни измени), да направи сериозна анализа (да ги расклопи сите аспекти на предлозите), и тоа со сите алатки што ги има на располагање, а потоа комисијата да направи една стегната синтеза (да ја склопи повторно состојбата) и истото тоа да им го предочи на другите пратеници, а и на јавноста.

Тоа е улогата на комисијата: ПОЛИТИЧКИ КУБИЗАМ! Да го опсервира и разгледа проблемот од сите страни и ако смета дека треба да го претстави во некакво друго светло, нека го стори тоа, но се разбира дека другиот дел од комисијата ќе се надоврзе со ПОЛИТИЧКИ РЕАЛИЗАМ.
Во оваа една измината година од одржувањето на првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ, никако не стана полесно да се раскаже накратко уценувачкиот заплет на македонските евроинтеграции. Изборот што привидно ѝ е оставен на Македонија за да ги продолжи, односно да ги започне вистински преговорите со преседанската втора меѓувладина конференција е всушност непристоен предлог за кој треба да одлучи да го прифати или отфрли македонското собрание. Според брзината на завршувањето на комисиската расправа за ова сериозно прашање со историска тежина, може да се заклучи дека пратениците со леснотија гледаат на предизвикот што е поставен пред нив – дека треба само да гласаат „за“ или „против“, без аргументација на своите гледишта и ставови во телата на Собранието. Можеби некои сметаат и дека во јавноста, преку медиумите, веќе доволно ги изложиле своите аргументи, а други можеби се потпираат на авторитетот на партискиот став и чувствуваат дека немаат потреба да дадат свој прилог во дебатата…, но на таков начин само ја потврдуваат ноторната перцепција за Собранието, како „гласачка машина“. Навистина, останува и фактот дека комисиската расправа е првата фаза во целиот процес, па можеби пратениците ги чуваат своите искажувања за пленарната седница. Сепак, „прескокнувањето“ на комисијата за уставни прашања, како споредна фаза во процедурата што треба да доведе до историска одлука, е уште едно деградирање на смислата на парламентарната демократија во Македонија.

Во целата слика треба да се има предвид и дека пратениците од опозицијата се изјаснија дека нема да гласаат за отворање на Уставот, но на пленарната седница ќе учествуваат во дебатата за ги искажат своите аргументи. Навистина, на седницата на комисијата за уставни прашања се обратија и премиерот на Владата, како предлагач на уставните измени, како и лидерите на парламентарните (македонски) партии во опозиција, но повторно – Собранието е законодавен дом, каде што пратениците го имаат главниот збор. Доколку не завршеше експресно седницата на комисијата, ќе останеше можеби некакво очекување пратениците да го поправат впечатокот.
Острото, директно, но прецизно аналитичко обраќање на комисиската расправа, на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, упати сугестивна порака – „уставни измени нема да има“. Од првиот ден на прифаќањето на т.н. француски предлог со услов Бугарите да бидат запишани во македонскиот устав, во јавноста доминира пресметката дека за таква одлука нема двотретинско мнозинство во Собранието. Сепак, претходните непријатни искуства со обезбедување на потребното мнозинство за едни други уставни измени (за Преспанскиот договор) оставаат простор за сомнеж дека неактивноста на пратениците во комисиската расправа можеби е поради „давање шанса“ на слични заткулисни игри со кои би се постигнал посакуваниот резултат на владејачкото мнозинство. По брзиот крај на комисиската расправа за уште една историска одлука, во јавноста остануваат резервите и загриженоста за уште една можна процедурална фарса во Собранието.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ