Вардар парираше само едно полувреме против Рајн Некар (ФОТО)

На Вардар му останува да го одигра реваншот против Рајн Некар во Германија во квалифкациите за пласман во групната фаза, но македонскиот тим загуби со 34-25 (14-14) и ќе патува без притисок, и со единствена мисла – да одигра најдобро, и да се подготвува за домашното првенство.
Парираше Вардар одлично во првото полувреме од мечот, покажувајќи дека може да се спротистави, да се врати од негатива и да му „дише во врат“ на фаворизираниот германски тим. Резултатот можеби е превисок, бидејќи Вардар даде отпор.

Победникот беше решен во првите десет минути од второто полувреме кога рајн Некар поведе со 21-17, и тука веќе падна и моралот на вардарци. Потоа само германците рутински ги казнуваа грешките и ги реализираа своите шанси.

Ниту топлото време, спарната сала и продолжениот викенд не беа пречка повеќе од 2.000 навивачи да дојдат во СЦ „Јане Сандански“ и да го бодрат Вардар. Иако играа само со еден пикер, и целиот товар падна на Милан Лазаревски, одбраната на „црвено-црните“ покажа дека сезонава тешко ќе се пробива, а нападот дека може да игра разновидно. Така беше и во првото полувреме.

Стефан Петриќ го отвори резултатот 1-0, а на гостите им требаа пет минути пред да ја затресат мрежата на Мартин Томовски. Не реализран напад, техничка грешка и Германците брзо казнуваа па поведоа со 3-7 во 12 минута што беше највисоката предност за Рајн Некар.

На нападот му требаше брза игра, па со влезот на Косуке почнаа работите да „мрднуваат“. Неколку минути играње „гол за гол“ па Вардар почна да ја топи предноста на гостите. Милан Лазаревски беше човекот што се бореше на шесте метри, и ако некоја топка не стигнеше да ја упати во гол, тогаш имаше пенал. Пред крајот на полувремето дојде и израмнувањето, 12-12. Рајн Некар пак поведе со „плус 2“ за 14-12 а Вардар преку Николиќ и Срдановиќ донесоа радост на трибините и најава за следни борбени 30 минути.

Рајн Некар беше голем фаворит пред почетокот на двомечот, а само што почна второто полувреме го покажаа квалитетот и смиреноста. За само шест минути Рајн Некар водеше со 18-15, а во 41 минута и со 21-17. Време за тајм аут за Вардар. Но, некако лесно се губеа топките во напад, а Германците уште полесно постигнуваа голови. Тешко се дишеше, изгледаа заморени играчите, па и паѓаше концентрацијата.

Брзо стигнуваа казните за секоја грешка, па рајн Некар на 10 минути до крај имаше предност од 28-20, што изгледаше како тешка мисија за „црвено-црните“.

На крајот гостите заминуваат со предност која сигурно ќе им биде доволна за пласман во групната фаза.
Во тимот на Рајн Некар најпрецизен беше Јури Кнор со 8 гола, а кај Вардар по пет гола дадоа Милан Лазаревски и Марко Срдановиќ.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...