Вардар предлага: Полуфиналето од Купот со Алкалоид да го играат во петок

Најтерофејниот македонски клуб испрати соопштение, кое го испрати и до РФМ и трите клубови учесници на Ф4 турнирот, со предлог нивниот полуфинален меч со Алкалоид да го играат во петок, наместо во четврток како објави Ракометната федерација на Македонија.

Вардарци сметаат дека нема да им пречи што ќе имаат ден помалку за одмор, доколки се пласираат во финалето. Ја поздравуваат идејата на РФМ да се измешаат мечевите од Купот со женските екипи, но требало порано да бидат известени клубовите за ваквата идеја, за да може да се огранизираат, но и да се објасни убаво која е идејата со мешањето на двојките и играњето на ваков начин.

Во прилог е целосното соопштение на РK Вардар

Ракометниот клуб Вардар секогаш го поддржувал спортскиот ферплеј, се залагал на терен да се реши кој е подобар. Работиме секогаш во интерес на ракометот и сакаме да придонесме тој да го задржи приматот на најуспешен екипен спорт во Македонија. Сакаме ракометните натпревари да бидат интересни, неизвесни и квалитетни, и да привлечеме нови млади да се занимаваат со спорт.

Пред нас претстојат натпреварите од Купот на Македонија каде Вардар е убедливо најуспешен колектив со 16 титули. Мораме да потенцираме, дека нам никогаш не ни требало ниту пак сме барале да бидеме привилегирани на ниту било кој начин. Имало многу случаеви кога сме реагирале на неправди и сме се залагале за еднаквост. Ниту сме некоја „засегната страна“ ниту пак „привилегирана“. За нас сите клубови се исти, сите ни се пријатели и спортски ривали.

Сакаме и бараме сите клубови да бидат подеднакво третирани, и на терен да покажат колку се подготвени, и колку вредат. Вардар многупати досега докажал дека е подготвен да игра во секави услови, за да го потврди својот квалитет, и да победи. Сме биле во многу незавидни ситуации, со „десеткуван“ тим, со различни проблеми, под притисок, но секогаш сме излегувале на терен да се бориме. На крај, ни честитале за нашиот успех, или пак ние сме му честитале на нашиот ривал.Така ќе биде секогаш.

Сакаме да ја поздравиме идејата натпреварите од Купот на Македонија да се одржуваат заедно со мечевите на женските учесници, и од Куп мечевите да се обидеме да направиме да бидат ракометен празник. Сакаме и треба да помогнеме и женскиот ракомет да се издигне на нивото на машкиот, односно убава идеја што натпреварите би се играле во „Борис Трајковски“ каде се играат и мечевите на репрезентацијата.

Иако идејата е добра, мораме да напоменеме дека за ова требаше малку порано да бидат известени сите клубови за да може подобро да се организираат, но и да се објасни замислата за ваквата промена. Во иднина ваквите предлози треба однапред да бидат презентирани пред клубовите, и заеднички да се најде решение за секоја идеја која е добра за македонскиот ракомет.

Како вистински спортски џентлмени и во интерес на задоволување на сите барања и засегнати страни, сакаме да го предложиме следново:
Доколку се согласи нашиот противник во полуфиналето, екипата на РК Алкалоид, ние како клуб сме подготвени нашиот меѓусебен натпревар наместо во четврток како што претходно беше најавено од страна на РФМ, да го одиграме ден подоцна во петок. Иако ќе имаме ден помалку за подготвување за следниот меч, сметаме дека Вардар е доволно квалитетен и тоа нема да му пречи.

Сакаме да докажеме дека спорсткото витештво и борба на терен секогаш треба да бидат приоритет, за секој клуб, секој спортист. На крајот нека победи подобриот.

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...

Дневен хороскоп за петок, 21-ви јуни 2024-та

ОВЕНСтранично влијание може значително да го попречи вашиот напредок...