Вардар во втор шешир – го избегна Кил, но може да налета на Фленсбург, Монпелје, Порто…

Вардар во втор шешир – го избегна Кил, но може да налета на Фленсбург, Монпелје, Порто…

Ракометарите на Вардар втора сезона по ред ќе бидат дел од Лигата на Европа, но за разлика од лани, сега добија директно место во групната фаза. Во квалификациите ќе играат 20 екипи, додека директно место во групите обезбедија 22 екипи на кои ќе им се придружат победниците од квалификациското коло.

Вардар е дел од вториот шешир со полскиот Горњик Забже, романската Констанца, словенечкиот Горење, исландскиот Хафнарфјордур, словачкиот Татран Прешов, унгарската Татабања и германскиот Кил.

Тоа значи дека против овие екипи нема да игра во прелиминарната рунда. Во првиот шешир се хрватскиот Нексе, германскиот Фленсбург, францускиот Монпелје, шведскиот Савехоф, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, данскиот ГОГ Гудме, шпанската Бидасоа и португалскиот Порто.

Еден од овие три ривали ќе му се падне на Вардар на ждрепката на 19 јули, додека од третиот шешир засега познати ривали се Бенфика, Тулуз, Сесвете, Торелавега, Хробри Глогов, а ако ги поминаат квалификациите таму ќе бидат и Мелсунген, Брага и Силкеборг.

Голема „опасност“ доаѓа од последниот шешир. Таму ќе бидат Војводина и сите останати тимови што ќе дојдат од квалификациите каде се Гранољерс, Гумерсбах, Иштад…

Вардар директно во групите во Лигата на Европа!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ