Вардарци заиграа фудбал во Маврово – се острат нишаните за Рајн Некар (ФОТО)

Ракометарите на Вардар ја одработуваат првата фаза од подготовките за новата сезона во Маврово.

Таму се сите досегашни засилувања за тренерот Владо Недановски, кои работат напорно пред двомечот со Рајн Некар Левен.

„Настава во природа – малку футинг, малку фудбал, многу тренинг и позитивна енергија“, напишаа од Вардар на социјалните мрежи.

Вардарци ги чека пријателски натпревар со Охрид, потоа настап на турнирот во Струга пред дуелите со бундеслигашот во Скопје и Хајделберг.

Официјалниот старт на сезоната ќе биде на 9/10 септември со првото коло од Суперлигата, а претходно би требало да се одигра и Суперкуп дуелот со Еурофарм Пелистер.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Легендарната Луминица Дину по долго време повторно во Скопје

Легендарната романска голманка Луминица Дину, по подолго време...

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...