Вчера славеше прва победа во ЛШ, денеска доби отказ

Вчера славеше прва победа во ЛШ, денеска доби отказ

Данскиот шампион ГОГ, кој вчера со победа го стартуваше настапот во Лигата на шампионите, преку социјалните мрежи соопшти дека е прекината соработката со довчерашниот тренер Јан Марко Фог.

50-годишниот стратег во текот на летниот период беше назначен за нов тренер на тимот од Гудме. Според информациите на клупскиот сајт на ГОГ, одлуката за прекинување на соработката се должи во разликите во сфаќањето на некои работи.

Тренерската позиција во данскиот шампион ќе ја преземи досегашниот помошник Микел Војгт. Најверојатно тој ќе остане на клупата на ГОГ до крајот на оваа сезона, па од следната сезона ГОГ повторно ќе се вклучи на трансфер пазарот за ангажирање на нов тренер.

Иако ГОГ во првото коло од Лигата на шампионите славеше над Целје, во досегашниот тек од сезоната во данскиот шампионат не се покажа во најдобро светло. ГОГ во првото коло беше поразен од просечениот Есбјерг, во вториот натпревар одигра нерешено со Сондерјуске, додека во третото коло го доби дуелот со Рингштед.

Бранителот на титулата во Данска, моментално, по три одиграни кола се наоѓа на 7. позиција и ќе има тежок предизвик да го повтори ланскиот успех, во кој ја одбрани титулата и стигна до осминафинале во Лигата на шампионите, ќе мора да направи консолидирање во своите редови.

Данскиот шампион ја доби драмата со Целје



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ