Веспрем по 27 години остана без главниот спонзор!

Веспрем по 27 години остана без главниот спонзор!

Унгарскиот гигант Веспрем по 27 години ја прекина соработката со „Маѓар Телеком“ и најави дека ќе има нов главен спонзор во иднина.

„Маѓар Телеком“ вложува во Веспрем од 1997 година, а од 2016 е главен спонзор и дел од името на унгарскиот првак.

Ова лето Веспрем го смени комплетното раководство и организациската структура, а доби нов извршен директор.

Од унгарскиот клуб најавија дека наскоро ќе ги промовираат новите спонзори, а целите остануваат исти – да бидат во европскиот врв.

Веспрем ова лето доби нов тренер, Чави Пасквал, кој дојде на местото на Момир Илиќ, а би можел да се засили и со средниот бек Лука Циндриќ.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ