Власта и на овој празник повика на заедништво, а се запраша ли зошто тоа не се постигнува?

Македонија и нејзините граѓани денеска го слават денот кога сите заедно сторија историски чин: пред 32 години, на референдумот, донесоа одлука таа да биде самостојна и независна држава. Тоа беше израз на заедничките вековни стремежи, остварување на соништата за кои многу генерации дале големи жртви. Заедништвото, всушност, е вградено во темелите на македонската држава и никогаш не треба да се заборава.

Како сега стоиме со заедништвото во Македонија?

Добро е што македонските државни функционери на секој празник потсетуваат на тоа заедништво и потребата тоа да се чува во нашето општество. Така направија и за овој празник.

Шефот на државата Стево Пендаровски во својата порака порача дека ни се потребни заеднички напори.

–Денес нам ни е потребен нов колективен напор, но, притоа, карактерот на тој потфат треба да биде соодветен со времето во кое живееме. Смислата на постоењето на републиката е да го оствариме заедно она што не можеме да го постигнеме засебно ‒ слобода, правда, економска благосостојба и соживот, нагласи Пендаровски.

И премиерот Димитар Ковачевски потсети на значењето на заедништвото.

-Заедништвото со кое е постигната независна иднина на Македонија во 91-та година, го има и денес во определба на граѓаните за европска иднина на нашата држава. Имаме единствена можност за брзо зачленување во ЕУ, да се обединиме околу заедничката цел, порача тој на свечената академија, што се одржа синоќа по повод на празникот.

Но, наспроти ваквите пораки во секојдневието на македонското општество се забележува дека отсуствува заедништвото, напротив има многу поделби.

Во Македонија нема заедничко договарање за важни општествени прашања. Затоа има поделби, разединетост, меѓусебни обвинувања дека некои се „предавници“, а некои „ лажни патриоти“.

Така е речиси од првите години од самостојното живеење на македонската држава – се случуваа поделби околу прифаќањето на референцата БЈРМ, околу промена на знамето, договорите со Грција и Бугарија, промената на името, обидите за промена на историјата…

А зад сето тоа стои една причина: недоволен дијалог и неподготвеност да се прифаќат ставови на „другата страна“ зад која стојат илјадници граѓани и да се постигне општествен компромис за најважни прашања.

Може ли да има заедништво ако се игнорира референдум, ако се игнорираат апелите на голем дел од граѓаните, ако…?

Македонија е повторно ставена пред големи искушенија и предизвици. Заедништвото е навистина потребно. Но, дали е заедништво ако власта прави што наумила, а очекува сите други заедно да им ракоплескаме?

Затоа, убаво е што македонските функционери и на овој празник потсетија на значењето на заедништвото. Но, уште поубаво би било кога би се запрашале зошто тоа заедништво не е целосно и што треба да се направи за да Македонија има единство по сите искушенија коишто и се случуваат?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...

Металург Автокоманда ја задржа перспективната Беровиќ

Share Левиот бек Таида Беровиќ и во следната сезона...