ВМРО-ДПМНЕ: Со Ковачевски како премиер, Телеком е дувло на непотизам

Со Ковачевски како премиер Телеком е дувло на непотизам, Љушев кој важи за близок до него со менаџерска позиција си ја наградил сопругата. Никола Љушев кој важи за близок до Димитар Ковачевски, како директор на Македонски Телеком, најпрвно си ја вработува својата сопруга, Наташа Љушева во 2020 година во Телеком, за сега да ја унапреди во главен менаџер за секторот дигитализација, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Телеком е фирма каде и државата има соптсвеност и претставник во органите на управување, креирање од истата дувло на непотизам го руши имиџот и на компанијата и на Македонија. Љушев не е единствен директор во Телеком кој си ја вработил сопругата, и главниот директор за финансии, Славко Пројкоски си ја вработил својата сопруга Гордана Пројкоска, додека пак главниот комерцијален директор за приватни корисници Бранко Станчев, си ја вработил сопругата Драгана Станчева, истакнуваат од партијата.

„Симптоматично е што вработувањето и поставувањето на сопругата на Љушев на менаџерска позиција, односно нејзиниот напредок во Телеком се случува во моменти кога Ковачевски станува заменик министер за финансии, а потоа и премиер.

Со секој поминат ден со Ковачевски и СДС, државата и државните фирми ќе се полнат со роднини и пријатели на нивните функционери, затоа се потребни промени“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на...

Даниловски до Комисијата за заразни болести: Дали сте бре нормални?

Докторот Драган Даниловски на својот фејсбук профил и се...

24 СЕДМЕРЕЦ: Модифицирано | 24 РАКОМЕТ

Ваучерот од 2024 ќе го нема...

Енрике вели повредата на Мбапе не е многу сериозна, но болката му отежна да игра

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, проговори за повредата...