Во Струга почнува да мириси на титула, но и Тетово не е далеку – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 24. КОЛО

Актуелниот лидер Струга Трим и Лум им се врати на победите во домашниот шампионат откако во 24. коло славеше на гостувањето кај Работнички со 0-1. Стрелец на голот вреден големи три бода беше Христијан Малески. Струга со овој триумф повторно побегна на плус четири на првенствената табела бидејќи Шкупи повторно не успеа да слави против Академија Пандев играјќи само 1-1 во Струмица. Сето ова го искористи Шкендија која со победата од 0-2 над Струга сега е само на негатива од еден бод зад Шкупи. Горан Симов одлично ја стартуваше својата авантура на клупата на Македонија ЃП со победа на секогаш тешкото гостување во Кавадарци над Тиквеш од 0-1, додека Силекс го декласираше „фенерџијата“ Победа со 1-5.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Христијан Малески (Струга ТЛ) 

Струга Трим и Лум им се врати на победите во Првата македонска фудбалска лига откако славеше минимално против Работнички со 0-1. Стрелец на погодокот вреден големи три бода беше Христијан Малески со што и заслужено го доби епитетот најдобар играч на 24. рунда во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Симов (Македонија ЃП)

Горан Симов одлично ја стартуваше својата авантура на клупата на Македонија ЃП со победа на секогаш тешкото гостување во Кавадарци над Тиквеш од 0-1.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Иван Николов (Брегалница) 

Шкендија полека, но сигурно се враќа во игра за титулата во Првата македонска фудбалска лига. Победата од 0-2 над Скопје ја одбележа неверојатниот погодок на Шаља кој заслужено е избран за најдобар на колото.



ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

 

 

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Се продаваат вилите на Берлускони, вредни околу 800 милиони евра

Од сите вили на поранешниот италијански премиер и политичар,...

Oд билтените на РФМ: Суспензии и казни за Младост Јуниори, КЛ7 Свети Николе…

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија имаше...

Јанев со прв список – 20 младинки на собир за ЕХФ неделата

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Дарко...

Евро задачи за браќата Илиевски и Металари

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за...