📷Војводина си направи малер – предвреме „прослави“ трофеј

Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои трофејот во Купот на Србија по 11 години пауза.

На финалниот натпревар што се играше во „Слана Бара“ во Нови Сад  „црно-белите“ беа подобри во пенал рулетот за конечни 29:28.

Војводина на финалето против Партизан беше голем фаворит, бидејќи во досегашниот тек од сезоната на двапати го совлада Партизан во најквалитетното натпреварување на Србија.

Тимот од Нови Сад играчки, но и финансиски, е далеку посилен од Партизан, но во битката за одбрана на Куп трофејот целосно потфрли и „црно-белите“ на крај се радуваа на трофејот.

Раководството на Војводина беше убедено дека Куп трофејот ќе остане во Нови Сад, па така на поставеното знаме во салата, покрај 8-те сезони, во кои Војводина го освоила трофејот, беше додадена и тековната 2023/24.

🎥 Хаос, прекин, драма, продолженија, пенали…Партизан го освои трофејот во српскиот Куп!

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ловќен и Будуќност остануваат доминантни во Црна Гора

По освоениот национален шампионат, ракометарите на Ловќен го...

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...