Вработените од МИА повторно на протест: Бараат зголемување на платите и порамнување на трошоците за живот

Вработените во Медиумска информативна агенција денеска одново во време на паузата излегоа за да го изразат незадоволството од непостапување по нивните барања.

Тие излегоа на шести предупредувачки протест поради тоа што нивното барање за зголемување на платите не се најде на дневен ред на владината седница одржана на 1 август годинава. Тие покрај зголемувањето на платите, бараат и порамнување на трошоците за живот.

Новинарите и медиумските работници во МИА повторија дека се разгледуваат сите опции за радикализација на протестот доколку не се реализираат нивните барања. Тие рекоа дека за тоа ќе се разговара на следниот собир на вработените закажан за понеделник.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...